ФОТО | Пејачката ужива во новата љубов: Јелена Розга во врска со седум години помлад готвач

Instagram
Фото: Instagram

Срцето на атрактивната пејачка го освоил Иван Пажанин, кого го запознала во март, додека гостувала во неговата кулинарска емисија.

Хрватската пејачка Јелена Розга (43) наводно е веќе извесно време во емотивна врска со сплитскиот готвач Иван Пажанин (36), дознава српски „Курир“.

Срцето на атрактивната пејачка го освоил седум години помладиот готвач, кого го запознала во март, додека гостувала во неговата кулинарска емисија, каде што била заедно со композиторот Тончи Хуљиќ и пејачот Јоле.

instagram/printscreen
instagram/printscreen

Интересно е што фронтменот на групата „Магазин“ Хуљиќ тогаш рекол дека смета дека е време Јелена да се омажи, а Joле додал дека Иван е слободен и дека и нему му се ближи времето за брак, па двајцата се согласиле дека Јелена и Иван би билe идеален пар.

instagram/printscreen
instagram/printscreen

Како што понатаму наведува изворот за „Курир.рс“, тие останале во контакт по снимањето. Тие редовно се допишувале, а згодниот готвач особено ја освоил со својата култура и вниманието, но и кога неколкупати ѝ приредил изненадување во вид на вечера, кога ѝ подготвил специјалитети што ја воодушевиле. Тоа сигурно не му било тешко, бидејќи шармантниот сплиќанец е познат како еден од
најдобрите хрватски готвачи, чии специјалитети ги пробале и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, холивудскиот актер Џон Малковиќ, возачи на Формула 1, но и членови на кралски семејства, меѓу била и принцезата од Монако и многу други.

instagram/printscreen
instagram/printscreen

Таа е пресреќна откако се заедно. Тончи ѝ „кумуваше“ на врската, веднаш се виде дека постојат искри меѓу нив, а каде што има чад, има и оган. Уживаат заедно, но не сакаат јавно да се експонираат, така што засега нема ниту да ја потврдат, ниту да ја демантираат врската. Вљубеноста не може долго да се крие.

Откако влегоа во врската, не се одвојуваат еден од друг, па им падна тешко доаѓањето на Јелена во Белград пред неколку денови, каде што снимаше емисија со нејзината колешка Наташа Беквалац – раскажал изворот за „Курир.рс“.

Јелена Розга за борбата со хипертироидизам: Како пејачката се справува со ова нарушување на тироидната жлезда?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот