Владо Јаневски / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

ФОТО | Оваа жена беше најголемата љубов на Владо Јаневски, приказната заврши тажно

Владо Јаневски ретко зборува за својот љубовен живот, но познато е дека една жена беше неговата најголема љубов.

Познатиот чаирски романтичар долги години беше во врска со Вера Велевска, која му беше и менаџерка и се грижеше за неговата кариера. Пред околу 15 години, Вера ја напушти Македонија и се пресели во Австралија.

Слика од Вера и од Владо, стара 21 година, е објавена на фејсбук-страницата на Златна Бубамара на популарноста, која во 2005 година се одржала на 17 септември. Тоа беше осмата Златна Бубамара на популарноста. Сликата е од Универзалната сала, а со Владо и со Вера е и композиторот Дарко Димитров.

Фото: Фејсбук/Златна бубамара на популарноста

Во Австралија, Вера Велевска се пресели поради нејзините деца, кои долго живеат таму, а таа замина да биде поблиску до нив, објавија медиумите во тоа време.

Владо Јаневски никогаш потоа јавно не прозборе за нивната врска, а на крајот од минатата година тој имаше настап во Сиднеј, каде што живее неговата поранешна партнерка.

„Некој во младоста да ми кажеше дека олку ќе ми биде убаво во душата и удобно во сопствената кожа на овие години, сигурен сум дека немаше да му поверувам! Не ги мислам воопшто годините, ни тие зад мене ни тие пред мене. Не сум носталгичен по природа и не престојувам баш често во сопственото минато. Многу фолдери во главата свесно сум избришал, балансот на спомените не е нешто што сум спремен да го влечкам со мене во сегашноста. Да, минатото ме направило ова што сум денес, но не чувствувам потреба да ги превртувам низ глава минатите години, минатите љубови и настани, освен можеби кога пишувам песна. Живеам во денешниот ден, го дишам со полни гради и многу ми е убаво така“, рече Владо во едно интервју за „Слободен печат“.

ФОТО+ВИДЕО | Четири часа љубов и рокенрол: Владо Јаневски и Бајага ѝ приредија концерт за паметење на македонската публика за Денот на вљубените

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот