ФОТО | Објавен ранкингот за „Златната топка“, изненадување нема да има?

Реал Мадрид – Реал Бетис/ 3 септември 2022/ фото: EPA-EFE/JUAN CARLOS HIDALGO

„Златната топка“ наскоро треба да биде доделена, а голем фаворит за оваа награда е напаѓачот на Реал Мадрид Карим Бензема. Според фотографијата која се појави на социјалните мрежи изненадувања нема да има.

Не е се уште официјално, меѓутоа на социјалните мрежи започна да кружи фотографија на која може да се види дека Бензема за првпат во својата кариера ќе стигне до оваа престижна награда.

Зад Бензема би завршиле Садио Мане од Баерн Минхен и неговиот поранешен соиграч Мохамед Салах од Ливерпул. Во топ 5 место би биле уште Винисиус Жуниор и Роберт Левандовски.

Единствениот голман кој може да се види на фотографија е Тибо Куртоа кој е рангиран на 10-тата позиција. Кристијано Роналдо после сезоната во Манчестер Јунајтед би го освоил 11-то место. За Лионел Меси немаше место овие први 13, тоа е не е некое изненадување со оглед на очајната сезона која ја имаше во ПСЖ.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот