ФОТО | Нов морничав тренд во Кина: Родителите им ставаат калапи на бебињата за обликување на главата

Најновиот тренд меѓу родителите во Кина е ставање кацига за обликување на главата на бебињата, која наводно им помага да добијат убава, тркалезна форма.

Како што пренесува „Инсајдер“, трендот на „калапирање“ на главата на бебето започнал во октомври, кога родителите наголемо почнале да купуваат кациги за своите деца. Кацигите потсетуваат на топка за куглање, а се наменети за бебиња, чија глава е рамна одзади.

Фото: Принтскрин/Weibo

Бебињата треба да носат кацига неколку часа, а родителите веруваат дека со тоа ќе постигнат нивниот череп да добие убава, тркалезна форма.

„Саут Чајна морнинг пост“ објави изјава од мајка, која на форумот „Сјаохонгшу“ изнела детали за употребата на „чудесната“ опрема, која наводно помогнала да се „корегира“ обликот на главата на нејзиното бебе.

Објавата со наслов „Ја корегирав главата на моето бебе и покрај протестите на моето семејство“, раскажува мајка која ја однела својата седуммесечна ќерка во медицинска установа за да ѝ направат прилагодена „опрема за корекција на главата“.

„Мислам дека носењето кацига ја има истата функција како носењето протеза, а тоа е да се поправи дел од телото и да се направи поубав. Јас имам рамна глава и знам колку е тоа болно за жените на кои убавината им е важна. Не сакам моето дете да порасне жалејќи поради овој дел од себе“, рекла мајката.

Кинескиот сајт „Соху“ пренесува дека ваквите направи за „корекција“ можат да чинат до 4.300 долари, додека шопинг-порталот „Таобао“, кинеската верзија на „Амазон“ во сопственост на „Алибаба“, продава различни направи за „корекција на главата“ кај бебињата. Кацигата чини три долари, а 15 долари чинат „подметките“ за спиење, кои го спречуваат детето да спие на начин што предизвикува рамна глава, а корективните перници се 20 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот