ФОТО | Не се дише: Вечерва воздухот е загаден низ цела Македонија, во Скопје најзагадено е во Лисиче

Загаден воздух во Скопје
Загаден воздух во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Податоците за квалитетот на воздухот во Македонија од мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање вечерва покажуваат дека речиси во сите општини воздухот е загаден со ПМ10 честичките многу над максимално дозволените концентрации, објави МКД.мк.

Воздухот во Кавадарци е најзагаден – 116 милиграми од ПМ10 честичките на кубен метар воздух, а максимално дозволената концентрација е 50. Во Струмица таа бројка е 107, Тетово 97, Куманово 91, Велес 90, Гостивар 75 мг/м3 итн.

Мерните станици во Скопје покажуваат дека најзагаден е воздухот во Лисиче 85 мг/м3 од ПМ10 честичките, потоа во Карпош 61, Центар 59 итн.

Загаден воздух
Фото: Скриншот
Загаден воздух
Фото: Скриншот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот