ФОТО: Насилни протести во Јужна Африка по затворањето на екс-претседателот Зума, се работи на запирање на протестите
Министерката за одбрана на Јужна Африка, Носививе Маписа-Нкакула денеска изјави дека во земјата се уште не е прогласена вонредна состојба.
Препорачано

Претставници на јужноафриканската служба за безбедност денеска потврдија дека Владата работи на запирање на понатамошното ширење на насилните протести и ги предупреди граѓаните дека нема да им биде дозволено „да и се потсмеваат на државата”.
– Никаква несреќа или лични причини не им даваат за право на нашите граѓани да ограбуваат, уништуваат имот и да прават што сакаат и да го кршат законот, предупреди министерот за внатрешни работи Беки Селе.
Тој потврди дека досега се уапсени 757 луѓе.

Во Јужна Африка се одржуваат протести откако поранешниот претседател Џејкоб Зума замина на отслужување затворска казна. Зума е осуден на 15 месеци затвор поради непочитување на судот.
Зума на 7 јули вечерта отиде на издржување на затворската казна поради непочитување на судот, откако одби да одговара на прашања на антикорупциската комисија за време на неговиот мандат. Првпат во историјата на Јужна Африка поранешен претседател да е осуден на затворска казна.

Зума беше претседател на економски најразвиената африканска земја од 2009 до 2018 година, а е обвинет за бројни случаи на корупција, рекет, измами, затајување данок и перење пари.


