ФОТО | Најскапите десет фудбалери во светот: Јамал ги прескокна Халанд и Мбапе
Специјализираната фудбалска страница „Трансфермаркт“ која важи за „лична карта“ на фудбалерите, ги освежи проценетите пазарни вредности, а светот доби нов најскап фудбалер. Како што многумина очекуваа, станува збор за тинејџерската сензација Ламин Јамал, кој преку ноќ стана најголемата фудбалска ѕвезда на планетата.
Препорачано
Минатото лето одигра клучна улога во освојувањето на Европското првенство со репрезентацијата на Шпанија, а сезонава блескаше во дресот на Барселона. Имајќи предвид дека има само 17 години, неговата пазарна вредност скок поради одличните настапи и неговата вредност скокна од 180 на 200 милиони евра.
На второто место по вредност се наоѓа Џуд Белингем, но дели позиција со уште две големи ѕвезди, Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, чии вредности исто така изнесуваат 180 милиони евра.
На петтото место е бразилскиот ас на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор со 170 милиони евра, додека шести е Букајо Сака од Арсенал, со вредност од 150 милиони евра.
Седмата, осмата и деветтата позиција ги делат тројца извонредни млади фудбалери, Педри, Флориан Вирц и Џамал Мусиала, со по 140 милиони евра. Топ-десет листата ја заокружува фудбалерот на Реал Мадрид, Федерико Валверде, кој е проценет на 130 милиони евра.



