ФОТО | Маричиќ за Еуроњус: Северна Македонија и Албанија се повеќе од подготвени за почеток на преговорите со ЕУ

Бојан Маричиќ
Фото: Euronews

Министерот за правда, Бојан Маричиќ во интервју на Еуроњус кажа дека Северна Македонија и Албанија се повеќе од подготвени за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Министерот кој интервјуто го даде за време на неговата дводневна посета на Тирана, додаде дека двете земји работат заедно за да ја зајакнат соработка во подготвувањето на администрациите за процесот на преговори да тече побрзо.

– Се согласивме да ги ажурираме нашите билатерални договори, особено за екстрадицијата, и ги споделивме нашите искуства во врска со реформите во судството, процесот на проверка што тече во Албанија и процесот на филтрирање. Размислуваме како да се зајакне соработката помеѓу нашите Академии и како да се зајакне регионалната соработка помеѓу земјите на Западен Балкан, изјави Маричиќ.

Бојан Маричиќ Euronews
Фото: Euronews

Министерот во интервјуто кажа дека за разлика од Албанија каде што се спроведе ветинг во судството, кај нас според утврдена методологија Судскиот совет прави проверка на работата на судиите и досега 13 се разрешени, бидејќи самото судско тело донесе одлука дека тие постапувале нестручно или пак несовесно.

На прашање за застапеноста на Албанската заедница во судството Маричиќ кажа дека многу клучни позиции во судството се раководни од Албанци и дека клучно за нивниот избор била пред се стручноста и искуството.

– Можам да ви кажам дека има многу силни позиции во судскиот систем што им се доверени на припадниците на албанската заедница. На пример, директорот на Здружението на судии е Албанец, претседател на Врховниот суд, највисок суд во нашата земја е Албанска. Повеќе членови во Судскиот совет, Советот на обвинители исто така и затоа мислам дека албанската заедница е многу добро застапена во судството и е добро застапена во правниот систем воопшто, заклучи Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот