ФОТО | Македонски блуз со Игор Џамбазов и Игор Атанасовски – Харе во Филхармонија: Славенички концерт за одбрана публика

Фото: Стефан Рајхл

Во големата сала на Филхармонија синоќа славенички концерт одржа нашето познато блузерско дуо Игор Џамбазов и Игор Атанасовски – Харе.

Пред „одбраната публика“ како што ја нарече на почетокот Џамбазов, се свиреа познатите хитови како „Да си жив и здрав“, „Диши длабоко“, “Труба“ и многу други, кои веќе три децении заедно ги свират Џамбаз и Харе.

Фото: Слободен печат

Концертот беше прослава на два јубилеи, нивната соработка која трае веќе 30 гдини и 60-тиот роденден на Џамбазов, кој пак концертот го посвети на неговиот татко, маестро Александар Џамбазов, кој почина минатата година.

Иако пред почетокот Игор во негов стил ѝ се извини на Филхармонија за сè лошо што ќе чуе вечерта, сепак сè што можеше да се чуе, беше добар блуз отсвирен од врвни професионалци.

Вистинско уживање за вистинките познавачи и љубители на добар и квалитетен македонски блуз. Џамбазов и Харе уште еднаш потврдија дека остануваат најверните и најхрабри борци против кичот, шундот, турбофолкот и плејбекот.

Фото: Стефан Рајхл
Фото: Стефан Рајхл
Фото: Стефан Рајхл
Фото: Стефан Рајхл
Фото: Стефан Рајхл
Фото: Стефан Рајхл
Фото: Стефан Рајхл

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот