ФОТО: Македонија е прв носител на жрепката во Берлин

фото: fiba.basketball

ФИБА денеска го одреди ранкингот, според кој македонската сениорска репрезентација заедно со Црна Гора, Летонија и Шведска, е помеѓу носителите.

Нашата најдобра машка селекција е меѓу четирите прворангирани пред утрешната жрепка која ФИБА ќе ја реализира во Берлин со почеток од 16.30 часот.

Македонската, заедно со селекциите на Црна Гора, Летонија и на Шведска е поставена во првата, според квалитет, група од 12 селекции кои ќе играат во вториот круг од претквалификациите за пласман во оригиналните квалификации за местата кои водат на Светскиот Куп во 2023 година.

Тоа значи дека Македонија ќе ги одбегне топ-фаворитите за пласман во следниот круг – квалификациите за Мундобаскетот во 2023 година.

Фото: kfsm.mk

За потенцијални противници од вториот т.н. „шешир“, можеме да очекуваме некоја од четирите селекции како Романија, Данска, Австрија и Швајцарија. Додека во последната трета, и најслаба група се поставени: Белорусија, Исланд, Португалија и Словачка.

Согласно со системот за натпреварување, првопласираните две селекции од секоја од четирите групи ќе обезбеди пласман во следниот циклус од натпреварите.

Вториот круг од претквалификациите ќе се игра во периодот од 11 до 28 август 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот