ФОТО: Левандовски е вистинска гол машина, Полјакот е поефикасен од сите тандеми во Европа

Роберт Левандовски /Фото: EPA-EFE/Sebastian Widmanno

Екипата на Баерн Минхен изминатиот викенд речиси 80. минути играше со играч помалку против Штутгарт но и тоа не го попречи Роберт Левандовски да ја продолжи неверојатна голгетерска серија. Баерн славеше со 4:0, а Левандовски постигна три гола и на последните 16 атпревари, на 15 постигнува најмалку по еден гол. Вкупно, Левандовски сезонава досега има постигнато 42 гола во сите конкуренции. Во Бундеслигата, неверојатниот Полјак засега е прв стрелец со 35 гола и речиси никој не се сомнева дека ќе го собори рекордот на Герд Милер од 1971/72 од 40. постигнати голови бидејќи до крајот на сезоната има уште седум кола.
Исто така речиси и никој не се сомнева дека Левандовски на крајот ќе ја освои златната топка за најдобар стрелец во Европа.
Но, за тоа каква гол машина и Левандовски оваа сезона најдобро покажува податокот дека со своите 35 гола во Бундеслигата, тој е поефикасен од сите најдобри тандеми оваа сезона.

Моментно најблиску до Полјакот е тандемот на Интер, Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез кои заедно имаат даде 33 гола. Зад Левандовски е и тандемот на Барселона, Лионел Меси и Антоан Гризман како и Килијан Мбапе и Моисе Кин од ПСЖ кои имаат даде по 31 гол во своите шампионати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот