ФОТО | Кејти Холмс вљубена до уши! Кое е новото момче на поранешната на Том Круз?

Фото: Профимедиа/Инстаграм

Актерката Кејти Холмс, чија кариера беше одбележана со улогата во некогаш популарната хит-серија „Dawson’s Creek“, деновиве не се одвојува од своето ново момче.

Како што објави магазинот „Пипл“, Кејти која ја има ќерката Сури од бракот со Том Круз, веќе некое време се гледа со своето ново момче.

Кејти (43) е видена како се бакнува и се држи за рака со музичарот Боби Вутен Трети во Њујорк каде што живее.

Холмс и Вутен не ја симнувале насмевката од лицата додека се шетале рака под рака, и двајцата облечени во лежерни комбинации.

Ѕвездата на филмот „Batman Begins“ изгледала одлично во комбинезони и бела кошула, а „кул“ изгледот го заокружила со син кардиган, бели патики и очила за сонце.

Вутен носел сина јакна, темни панталони, бели патики и очила за сонце.


По распадот на бракот со Круз, Холмс се поврзуваше и со Џејми Фокс неколку години, пред да се разделат во 2019 година. Кејти исто така, беше во кратка врска и со познатиот готвач Емилио Витоло.

Фото: Профимедиа

Актерката и Витоло (34) првпат беа видени на почетокот на септември 2020 година, кога беа забележани на рандеву во неговиот семеен ресторан во Њујорк, „Emilio’s Ballato“.

Инаку, Боби Вутен Трети, како што пишува „Пипл“, е познат басист и музичар роден во Чикаго, а меѓу другите, соработувал и со Џенифер Лопез, Мак Милер и Џенифер Хадсон.

Работел и на серијата „Империја“, но и со брендови како „Гугл“, „Рибок“, „Најк“…


Вутен се појави и во документарниот филм на Дејвид Бирн „Американска утопија“ во режија на Спајк Ли во 2020 година, кој се темели на драмата на Бродвеј заснована на истоимениот албум и турнеја на музичарот од „Токин хедс“. Во моментот е ангажиран во мјузиклот „Мулен Руж!“, а неодамна свиреше на „Коачела“ со Карли Реј Џепсен.

Нови фотографии од Кејти Холмс и нејзиното ново момче – Сочни бакнежи и прегратки пред папараците (ФОТО)

Црквата му забрани да ја гледа: Ќерката на Том Круз 12 години го нема видено својот татко

Кејти Холмс по осум месеци ја прекина врската со Емилио Витоло: Готвачот за актерката ја напуштил својата вереница „пред олтар “

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот