ФОТО: Каква чест за Југопластика: „Адидас“ создаде специјални патики во чест на поранешниот европски шампион

фото: Фејсбук

Германскиот производител на спортска опрема Адидас направи специјални патики во чест на поранешниот европски шампион за кого покрај вистинските легенди како Тони Кукоч, Дино Раѓа, Зоран Савиќ, Душко Ивановиќ, Зоран Сретеновиќ, играше и тогаш супер талентираниот Петар Наумоски.

Југопластика доминираше во европската кошарка на крајот од 1980-тите и почетокот на 1990-тите години кога освои три шампионски титули едноподруго, а иако сега тимот е далеку од славните денови, нивните успеси не се забораваат.

Поради тоа Адидас направи специјални патики кои како што наведува ја презентираат „непогрешливата балканска култура“ и станува збор за лимитирана верзија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BSTN Store (@bstnstore)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот