ФОТО | Инспириран од Мадона: Македонскиот дизајнер Златко Јовановски креираше корсет за мексиканската ѕвезда Талија

Фото: Инстаграм/Талија /Златко Јовановски

Македонскиот дизајнер Златко Јовановски повторно осмисли креација на најголемата мексиканска ѕвезда Талија, која на македонската јавност ѝ е позната по теленовелата „Росалинда“ („Rosalinda“).

Талија синоќа присуствуваше на концерт на Мадона во Њујорк, САД и се појави во модно издание инспирирано од кралицата на поп-музиката, а со потпис на нашиот дизајнер.

Имено, Јовановски ѝ дизајнираше впечатлив корсет во златна боја, кој само ја надополни успешната трансформација на Талија, која сакаше да потсетува на Мадона од осумдесеттите години.

„Како девица“, напиша Талија во описот на фотографиите кои ги објави на Инстаграм, алудирајќи на големиот хит на Мадона – „Like a Virgin“ од 1984 година.

Фото: Инстаграм/Талија
Фото: Инстаграм/Талија
Фото: Инстаграм/Талија
Фото: Инстаграм/Талија

Потоа ѕвездата на мексиканските теленовели сподели и видео на својот инстаграм-профил, на кое покажа како изгледал целиот процес на трансформација.

„Погледнете како се подготвував за концертот на Мадона. Мене ми беше навистина забавно“, напиша Талија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thalia (@thalia)


И самиот Јовановски сподели фотографии од нејзиниот изглед и отворено го покажа неговото воодушевување поради фактот дека една толку голема ѕвезда носи негова креација.

„Вистинската дива Талија повторно носи парче од нашиот бренд. Овој златен корсет изгледа одлично на неа“, напиша Јовановски на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Златко Јовановски

Што прави денеска: Златко Јовановски – JZJ, моден дизајнер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот