ФОТО | Има златно крзно, нема очи, а „плива“ низ песокот: Фотографирано ретко животинче од пустината во Австралија

Фото: Facebook / Kanyirninpa Jukurrpa Martu Rangers

Исклучително редок вид на крт (Notoryctes caurinus), кој се гледа неколку пати во една деценија, е фотографиран во Австралија. Овие животничиња со големина на човечка дланка, без очи и со крзно со златна боја, се толку ретки што нема точни податоци колку ги има, пишува Би-би-си.

Кртот бил забележан во Големата песочна пустина во северозападна Австралија од чувари од абориџинско потекло кои работат на зачувување на природата користејќи ја нивната култура и традиционалното знаење за животната средина.

Фото: Facebook / Kanyirninpa Jukurrpa Martu Rangers

Овие животинчиња се толку невообичаени што нивното постоење останува мистерија за повеќето луѓе. Ретко се гледаат во дивината, бидејќи тие претежно живеат во нивните песочни тунели, а експертот за диви животни Герет Кет вели дека „пливаат низ песокот “, па главната техника за нив е да копаат ровови и канали за да дојдат со нивните дупки.

Фото: Facebook / Kanyirninpa Jukurrpa Martu Rangers

„Луѓето често мислат дека во пустината нема многу диви животни, но таа е полна со уникатни животни“, изјавил Кет.

Тој посочи дека е неопходно да се направат повеќе истражувања за ретките видови како овој редок вид на крт за да се обезбеди нивно зачувување во услови на климатски промени кои најмногу се чувствуваат на места каде временските услови се екстремни, како што се пустините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот