ФОТО | Германска бајка на охриѓанката Лилјана: Трендафилите ме потсетуваат на Охридскиот парк каде го поминав детството

Фото: Приватна архива

Убаво е кога ќе се изнајдеме Македонци на сите страни на светот, а обединети преку љубовта кон земјата и кон – цвеќињата. Денес разговараме со Лилјана Спироска, охриѓанка која веќе 30 години живее во Липетал, Германија.

Фото – Приватна архива

Лилјана има преслатка професија – слаткарка, а хоби ѝ се сликарството и нејзиниот двор. Цвеќиња одгледува повеќе од 15 години.

Фасцинантен е дворот на Лилјана, се простира на неверојатни 1.500 квадратни метри, со тревник и разновидни цвеќиња и украсни дрва.

– Негувам сардели, трендафили, петунии и многу други цвеќиња, ни вели нашата цветна дама.

За градината е одговорна токму таа.

– Љубовта кон цвеќете ја имам наследено од мојата мајка. Секако, треба да се има време и многу љубов, потребно е по неколку часа на ден да се посвети на градината, ни објаснува охриѓанката во Германија.

На Лилјана најомилени ѝ се трендафилиите за кои вели дека ја потсетуваат на Охридскиот парк каде го поминала своето детство. Ги сака и сарделите кои ѝ ја красат цела куќа од пролет до есен.

– Од наесен, дворот ми го красат Митровденските цвеќиња, – горда е Лиле. 

Следува нејзиниот совет за оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со нега и одгледување на цвеќе и растенија…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот