ФОТО| Џејми Оливер отвори ресторан во Белград: Каде се наоѓа и какви се цените

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Познатиот британски готвач и ТВ-ѕвезда Џејми Оливер на Инстаграм се пофали дека неговиот ресторан „Џејмис Италиан“ (Jamie’s Italian) е отворен во Белград.

„Београд, отворени сме“, напиша Оливер на својот инстаграм-профил со фотографија од персоналот пред новоотворениот ресторан на брегот на реката Сава, на Белград на вода.

 

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Големи честитки до целиот мој тим во @jamiesitalianserbia кој штотуку го отвори мојот прв ресторан во Србија. Локацијата е прекрасна, во срцето на Белград на вода, на брегот на реката Сава. Вратите сега се официјално отворени. Многу сум горд“, навел Оливер со фотографија од чинија со специјалитетите на новата гастрономска дестинација во Белград.

Џејми Оливер во својата инстаграм-приказна споделил и видео од пица која се подготвува во неговиот белградски ресторан.

„Вратите се официјално отворени и погледнете ги само тие пици! Одлична работа на тимот на @jamiesitalianserbia. Многу сум горд на сите вас. Пренесете ја на сите мојата љубов“, напишал познатиот готвач.

Во склад со името на ресторанот „Jamie’s Italian“ во понуда се главно италијански специјалитети, а цените на пиците се движат од 850 до 1.555 динари.

Кога станува збор за тестенините, најевтино главно јадење се равиоли со тартуфи, кои чинат 975 динари, а најскапи тестенини се сицилијанските лингвини со гамбори, кои чинат 1.755 динари. Најскапо главно јадење е бифтек со путер од тартуфи, со печурки и сос кое чини 2.725 динари.

Во понудата се и традиционални италијански десерти како што се тирамису и панакота. Порција тирамису чини 655 динари, а најскап десерт е „Амалфи чискејк“ кој чини 765 динари.

Ресторанот се наоѓа на Херцеговачка 14, а отворен е секој ден од 11 часот до полноќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот