ФОТО: Чурлинов заедно со Санчо во У21 тимот на колото во Европа

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK/POOL/DFL

Признание за младиот македонски репрезентативец Дарко Чурлинов кој ги брани боите на бундеслигашот Штутгарт.

Потсетување дека нашиот играч на дуелот против Аугсбург настапи од 70 минута, а потоа својата шанса ја искористи на најдобар начин со асистенција за победа на неговиот клуб.

Во 74 минута во прав момент ја испрати топката во казнетиот простор на противникот, а соиграчот Калајџиќ со глава ја испрати топката во мрежата на Аугсбург за 2:1.

Порталот „Whoscored“ го смести Македонецот во У21 тимот на колото во Топ 5 европските лиги со оценка 7,56.

Во овој тимот на колото се наоѓаат и звучни имиња како Санчо кој ги брани боите на Борусија Дортмунд, потоа Дејвис од редовите на Баерн Минхен, Влаховиќ од Фиорентина..

Тука се наоѓаат уште Грин од Ст. Етјен, Џејмс (Челси), Гиламон (Валенсија), Лакроа (Волфсбург), Вилок (Њукасл), Черки (Олимпик Лион) и Давид (Лил).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот