ФОТО | Бруно Марс запали цигара на сцената на Греми наградите: Што е следно?

бруно марс
Бруно Марс и Андерсон Паак / Фото: Принтскрин/Твитер/Инстаграм

Музичарите Бруно Марс и Андерсон. Паак кои го сочинуваат дуото Силк Соник на 64-тото доделување на Греми наградите ги освоија сите награди за кои беа номинирани за нивниот хит „Leave the Door Open“ инспириран од 70-тите години.

„Во моментов навистина се трудиме да останеме скромни“, се пошегува Паак во својот говор, а Бруно запали цигара до него.

Луѓето на социјалните мрежи брзо реагираа на тоа што пејачот пуши на сцената, што е многу необично на доделувањето на наградите.


„Цигарите се лоши за тебе, но, Бруно, може ли да добијам дим?“, „Бруно Марс само што запали цигара на сцената на Греми среде примањето на наградата, дали сега може да зборуваме за тоа наместо за Вил Смит?“, беа дел од коментарите.

Силк Соник ги освои сите награди за кои беа номинирани на овогодинешното доделување на Греми. Песната „Leave the Door Open“ собра четири статуетки.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот