ФОТО | Бритни Спирс објави емотивна фотографија: По долго време повторно ги покажа синовите

бритни спирс
Фото: Profimedia

Поп – принцезата Бритни Спирс беше во брак со Кевин Федерлајн од 2004 до 2007 година, со кој ги доби синовите Шон и Џејден. Шон е роден во 2005 година, а една година подоцна е роден Џејден.

Бидејќи синовите по судска одлука поминуваат повеќе време со својот татко, фановите на Бритни Спирс беа изненадени кога видоа колку пораснале благодарение на фотографијата која ја објави Бритни Спирс на својот инстаграм – профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)


Бритни не ја крие љубовта кон своите синови, но не сака премногу да ги објавува на социјалните мрежи. Многумина мислат дека причината е што таа не сака папараците да ги следат, како што беше случај со неа. Овој пат, таа направи исклучок и објави фотографија со нив на нејзиниот инстаграм – профил.

„Не сум објавувала нивни фотографии веќе некое време, бидејќи тие се во период кога сакаат да го изразат сопствениот идентитет и јас целосно го разбирам тоа. Но, се обидов да направам „кул изглед“ на фотографијата па ми дозволија да ја објавам! Сега не се чувствувам изоставено. Сега ќе славам“, напиша на шега Бритни меѓу другото во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Таа истакна дека на секоја мајка и е тешко да види колку брзо растат нејзините деца и дека е среќна што нејзините „две бебиња“ пораснале во големи момци.

За нејзините синови најмногу се пишуваше во 2007 година, кога Спирс доживеа нервен слом. Потоа нејзината кариера почна да оди во надолна линија, а во исто време минуваше низ развод од сопругот Кевин Федерлајн. Во тоа време, 25-годишната пејачка привремено го загуби старателството над нејзините синови. Во 2019 година 70% од старателството му припадна на Кевин, а 30% на Бритни. Во меѓувреме, Федерлајн се омажи за поранешната одбојкарска ѕвезда Викторија Принс и тие имаат заедно две ќерки. Спирс моментално е во врска со Сем Асгари, со кого е во врска од 2016 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)


Кога е со своите синови, пејачката се обидува да ги исполни заедничките денови со активности и забава, како патувањето во Дизниленд, посета на егзотични животни и други бројни патувања и дружења.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот