ФОТО | Биланс на една трагедија: Осум лица загинаа во пукотницата на железничката станица во Сан Хозе

 Осум лица загинаа во пукотницата што рано утринава се случи на железничка станица во Сан Хозе,  а осомничениот за пукањето е мртов, соопштија калифорниските власти.

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Само двајца пациенти биле донесени до болница, каде набрзо била констатирана нивната смрт.
Заменик портпаролот на шерифот, Расел Дејвис, изјави дека осомничениот бил вработен во компанија која обезбедува автобуси, железници и дава други транзитни услуги низ округот Санта Клара, што е најголемиот округ во заливот.

Пукањето се случило околу шест часот утринава, во еден од железничките објекти. Објектот е центар за контрола на транзитот, во кој се чуваат возови, а има и двор за одржување.

Дејвис додаде дека не знае каков вид оружје употребил напаѓачот и дека имињата на жртвите нема да бидат објавени се додека не бидат контактирани нивните семејства. Сè уште не е познато како почина напаѓачот.

 

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

-Страшна трагедија се случи денеска, а нашите мисли се насочени кон семејствата на жртвите, кажа Глен Хендрикс, директор на Управата за транспорт во долината.

ВИДЕО: Пукање во Калифорнија, неколку лица убиени и повредени – напаѓачот е мртов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот