ВИДЕО: Пукање во Калифорнија, неколку лица убиени и повредени – напаѓачот е мртов

epa09229643 Police and investigators at the scene of a workplace shooting at the San Jose Valley Transportation Authority light rail yard in San Jose, California, USA, 26 May 2021. The Santa Clara County Sheriff's office confirmed multiple fatalities including the gunman. EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Неколку лица се убиени, а неколку повредени во пукање во железничкото депо во Сан Хозе во Калифорнија утрово, објави канцеларијата на шерифот.

Пукањето се случило нешто пред 7 часот наутро по локално време.

Заменик шерифот на округот Санта Клара, Расел Дејвис им изјави на новинарите дека има „повеќе мртви“, но дека им треба повеќе време да го изнесат точниот број. Напаѓачот е мртов, додаде Дејвис. Рече дека не може да го идентификуваат напаѓачот ниту да потврдат како загинал.

До пукањето дошло во депото на железницата со кое раководи Управата за превоз на Санта Клара во близина на градскиот аеродром, а на „неколку лица им е пружена лекарска помош“, твитна градоначалникот Сем Ликардо.

„Напаѓачот повеќе не е закана, а објектот е евакуиран“, соопшти Ликардо.

Сан Хозе, град со околу милион жители, се наоѓа во срцето на Силиконската долина, глобалното седиште на технолошките иновации и дом на некои од најголемите американски технолошки компании.

Дејвис рече дека подоцна ќе објави повеќе информации.

Локалната подружница на ЕјБиСи Њуз извести дека зградата не е отворена за јавност, па напаѓачот во објектот е пуштен од страна на некој од вработените, а можно е и да провалил.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот