ФОТО | Бенкси со ново дело во Лондон: Се појави мурал на кој се прикажани лисја од дрво

Фото : Instagram / banksy

Британскиот уметник Бенкси потврди дека муралот што се појави на станбена зграда во северен Лондон е негово ново дело, пишува „Гардијан“.

На муралот кој се појави во областа на паркот Финсбери, има зелена боја испрскана преку ѕидот на четирикатната зграда за да ги имитира исчезнатите лисја на исеченото дрво што стои неколку метри пред самото дело.

Фото: Instagram / banksy

Исто така, прикажана е мала човечка фигура која држи црево од кое излегува зелената боја. Кога се гледа муралот од одредени агли, зелената боја се изедначува со гранките на дрвото.

Фото: Instagram / banksy

Локалните жители излегоа да го видат уметничкото дело кои велат дека се горди и воодушевени што Бенкси го избрал овој простор да создаде уметност.

„Ние сме толку горди и воодушевени што Бенкси ја избра нашата улица и го избра Финсбери Парк за својата работа“, изјавила една жителка.

Фото: Instagram / banksy

„Едноставно е убаво да се види како ова уметничко дело ги собра сите заедно. Луѓето излегоа да разговараат на улиците и излегоа рано да шпекулираат заедно. Тоа ја спои заедницата, што беше навистина убаво да се види“, додал друг воодушевен жител.

Се вели дека тимот за отстранување графити е свесен за уметничкото дело на Бенкси и нема да го отстрани.

ФОТО+ВИДЕО | Дело на Бенкси украдено за неполн час од неговото откривање во Лондон: Полицијата ги апси осомничените

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот