„Форца Мистер“: Поддршка за Михајловиќ од сите страни! (ФОТО) - Слободен печат
СпортФудбал

„Форца Мистер“: Поддршка за Михајловиќ од сите страни! (ФОТО)

Српскиот стратег Синиша Михајловиќ потврди пред јавноста дека има леукемија, дека го чека голема борба против оваа сериозна болест.

Тој вети дека ќе се бори до крај, едвај чека да оди во болница и верува дека ќе ја победи акутната леумекија. Привремено ќе ја прекине тренерската кариера, а од Болоња посакуваат и натаму Србинот да биде на клупата.

Роберто Манчини, долгогодишниот соиграч на Михајловиќ, подоцна и шеф во стручниот штаб на Интер, меѓу првите се огласи на Инстаграм со порака, поддршка за еден од своите најдобри пријатели.

– Ти си многу силен. Те чекам повторно да играме падел – напиша Манчини со колаж на заеднички фотографии од нив двајца.

Само колку да информираме, падел е инаку е еден вид на рекреативен спорт, кој се игра со рекети, нешто слично како во тенисот.

Поддршката за Миха доаѓа од сите страни, од Фудбалскиот сојуз на Србија, неговите поранешни клубови Црвена Звезда, Лацио, Милан, Фиорентина, Торино, Сампдорија, Серија А, ФИФА…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close