Михајловиќ: Имам леукемија, агресивна е болеста…!

twitter.com/Guillaumemp

Михајловиќ се обрати пред јавноста и потврди дека има леукемија, но и покрај тешката болест, Србинот ќе остане тренер на екипата на Болоња.

Сите се шокирани од информацијата дека Миха боледува од леукемија и го чека голема борба.

– Кога дознав, плачев со денови. Но, тие не беа солзи на страв. Ја почитувам оваа болест. И ќе се соочам со нејзе. Со скршени гради, гледајќи ја во очи, како што и го правев тоа досега – рече Михајловиќ.

Останува тренер на Болоња, тие зборови ги потврди и директорот на клубот, Себатини.

– Едвај чекам да одам во болница и да почнам да се борам. Агресивна е болеста, но може да се победи. Им објаснив и на играчите, сите беа во солзи. Им објаснив дека мораме да напаѓаме и да одиме на победа. Ако седиме и само се браниме, веднаш ќе бидеме нокаутирани. Морам да користам и мои тактики во оваа борба и немам никаква дилема дека ќе победам – додаде Миха.

Сличен случај имаше годинава и во Севиља со Капарос кој исто така соопшти дека има леукемија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот