Фон дер Лајен повторно со повик до граѓаните на ЕУ да се вакцинираат

Урсула фон дер Лајен
Урсула фон дер Лајен / Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска го повтори повикот до граѓаните на ЕУ да се вакцинираат, но и да добијат бустер доза по истекот на шест месеци од примарната вакцинација.

„Засилувачката доза ни дава уште повисоко ниво на заштита од соодветна вакцинација, што ќе спречи многу хоспитализации и смртни случаи”, вели Лајен во видео порака.

Таа нагласи дека дури четвртина од возрасната популација во ЕУ не е вакцинирана и дека затоа е изложена на поголем ризик од тешки симптоми на инфекција со Ковид.

„Вакцинирањето против Ковид-19 спаси илјадници животи низ ЕУ. Не зафати нов бран и мораме да ја интензивираме вакцинацијата”, рече Лајен.

До крајот на оваа недела во рамките на ЕУ-27 ќе бидат испорачани милијарда дози вакцини.

СЗО за денеска свика итен состанок за новооткриениот вид коронавирус во Јужна Африка и Боцвана

Научниците од Јужна Африка вчера нагласија дека откриле нова варијанта на Ковид-19 со многу мутации, што го прави многу опасен. Варијантата што го носи научниот број B.1.1.529 има околу 32 мутации.

Европската комисија објави нови правила за патување меѓу земјите на ЕУ, според кои третата доза вакцина наскоро ќе стане задолжителна за да важат зелените сертификати. За таа цел, важноста на постоечките сертификати е продолжена од 6 на 9 месеци со цел да им се овозможи на земјите да обезбедат засилена доза на веќе вакцинираните во следните три месеци. Откако ќе се даде, новиот сертификат нема да има рок, но Брисел го задржува правото да го воведе откако ќе се добијат научни докази дека ефективноста на вакцината опаѓа и по третата доза.

Граѓаните без вакцинација ќе треба да направат тест непосредно пред поаѓање и по пристигнувањето, а ќе бидат ставени во карантин без разлика на резултатот доколку доаѓаат од земји во темноцрвената зона. Досега во ЕУ се издадени повеќе од 650 милиони сертификати.

Во неколку недели пред Божиќ, Европа се соочува со нов бран на пандемии, а обидите на секоја земја да го спречи ширењето на инфекцијата изградија дополнителни мерки што се разликуваат не само од земја до земја, туку и по границата и внатрешноста на голем дел од државите. Во пракса, на многу места во моментов се во сила три различни режими на барања, а се очекува ограничувањата да бидат заострени насекаде во наредните денови. Мерките се различни, но насоката е иста – затегнување на обрачот околу невакцинираните и вклучување на бустер дозата во сертификатите.

За патување во повеќето земји во Европа сѐ уште е доволен зелен сертификат за завршена вакцинација, прележана болест или негативен тест. Во наредните денови, сепак, ова може да се промени бидејќи се повеќе земји воведуваат построги ограничувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот