Финансиската полиција го „тресе“ Милан, на „росонерите“ им се закануваат сериозни казни

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Италијанскиот гигант Милан ја стабилизираше формата, меѓутоа сега би можел да се соочи со проблеми надвор од терените. Имено, претставници на финансиската полиција во текот на вчерашниот ден извршиле претрес во просториите на клубот со цел да соберат документација во новиот судски процес.

Според информациите на италијанските медиуми во центарот на истрагата се Џорџо Фурлани и Иван Газдис како и нивното однесување за време на купопродажбата на клубот во 2022 година.

Газидис е поранешен претседател на Милан на чие место дојде Фурлани, двајцата се под истрага за сокривање на докази околу деталите за процесот на купопродажба.

Властите се сомневаат дека постои прекршување на членот 32.5 за недоставување на документи побарани од страна на официјалните лица и спортски тела. Најниската казна во ваквите случаи е парична, меѓутоа не е исклучена можнoста и за одземање на бодови.

Ситуацијата ја следи и УЕФА која е подготвена да изрече дополнителна казна ако италијанскиот тим биде прогласен за виновен. На сето тоа се додава дека сопствениците на Милан имаат акции и во француски Лил, па според правилата на УЕФА може да дојде до судир на интереси. Бидејќи за Милан се води истрага и за друг престап во работењето, „росонерите“ би можеле да бидат санкционирани со суспензија од европските натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот