Филмски грабеж: Разбојници му впериле пиштол на фудбалер на Милан

Саму Кастилехо на социјалните мрежи објави дека е жртва на оружен грабеж.

Шпанскиот интернационалец кој настапува за „росоњерите“ своето најлошо искуство во животот го сподели со фановите на социјалните мрежи.

„Дали е се во ред во Милано? Двајца ме ограбија под закана со пиштол“, напиша Кастилехо.


Според медиумите во Италија, играчот на Милан кој периодот на самоизолација го помина во Ломбардија е огравен додека седел во својот автомобил, а двајцата разбојниви му го украле часовникот.
Кастилехо е член на Милан од 2018 година кога пристигна од Виљареал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот