Филипинскиот претседател им се закани со смрт за прекршувачите на карантинот

На Филипините досега од коронавирусот починаа 96 луѓе, а 2.311 се заразени.

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте предупреди дека ќе и нареди на полицијата и војската да пукаат во секој што „предизвикува проблеми” во периодот на едномесечниот карантин во земјата поради коронавирусот.

– Ова е предупредвање за сите – слушајте ја Владата, бидејќи е клучно да имаме ред и не ги навредувајте здравствените работници, лекарите … затоа што тоа е сериозно злосторство. Им наредувам на полицијата и војската, ако некој прави проблем, а вашите животи се загрозени, пукајте, рече Дутерте во обраќањето до нацијата.

Дутерте издаде предупредување до сите жители на сиромашните квартови во Квизон Сити, округот Манила, кои протестираа покрај автопатот, бидејќи не добиле пакети со храна откако започна карантинот пред две недели.

На Филипините досега од коронавирусот починаа 96 луѓе, а 2.311 се заразени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот