Филипче: Жените сакам да знаат дека има каде да се обратат и да добијат стручна помош

Ковид-19 кризата ги погоди сите здравствени системи. Изолацијата за време на долгите карантини резултираа со зголемен број на семејни насилства. Секојдневно регистрираме вакви случаи во онлајн амбулантата на Клиниката за психијатрија, со што постојано го зголемуваме тимот во установата, објави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Заеднички во еден инклузивен процес со институциите и граѓанските организации, посочува министерот, отворивме три центри за жртви од сексуално насилство согласно Истанбулската конвенција во Скопје, Тетово и Куманово.


– Жените сакам да знаат дека има каде да се обратат и да добијат стручна помош. Тие никогаш не се сами, преку институциите тие ја имаат нашата најголема поддршка. На денешниот Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените ја испраќаме пораката дека мора неуморно да работиме да ја подигнеме свесноста вакви случаи да има се помалку, напиша Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот