-6 C
Скопје

Филипче: Се работи на изнаоѓање решение за нови термини, колегите работат во три смени

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информира дека силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи на изнаоѓање решение за нови термини.

-Викендов сите лаборатории ќе работат со полн капацитет за да се постигне со обработката на тестови, а денеска разговаравме за отворање на нови термини на почетокот на следната недела. Сите капацитети се максимално ангажирани, колегите работат во три смени. Верувам дека брзо ќе изнајдеме решение за надминување на состојбата-потенцира Филипче.

Силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи на изнаоѓање решение за нови термини. Викендов…

Publiée par Венко Филипче sur Vendredi 23 octobre 2020

Постот на Филипче уследи, откако на социјалните мрежи граѓаните и новинарите се жалат дека нема термини да се тестираат на државно, а немаат пари за приватните лаборатории.

Прочитајте и...  Вархеји ја поздрави одлуката на Србија за амбасадорот, ја повика Црна Гора да го направи истото

Тие, исто така го потенцираат фактот дека се здравствени осигуреници цел живот, па не гледаат причина зошто би „фрлале“ толку пари за себе и за целото семејство.

Во изминативе 24 часа направени се 2367 теста преку: ИЈЗ-721, ЦЈЗ Скопје-82, Авицена-496, Биотек-271, МАНУ -170, Жан Митрев (Филип Втори) -210, Систина со PCR метода -136 , лабораторија Лаор –77, Судска медицина-28, ЦЈЗ Битола-99, Инфективна клиника-10, ГАК-11, Синлаб-56, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 231.613 тестирања на ковид -19.

 

Поврзани вести

Иако доцна, сепак МЗ ја објави статистиката: Регистрирани 336 нови случаи, починаа 32 лица

Слободен печат

Изостана денешната ковид- статистика

Слободен печат

ВИДЕО | Трамп: Не се борам за себе, туку за 74 милиони луѓе кои гласаа за мене

Слободен печат

Опозицијата ја бара дневната статистика на заболени од ковид-19

Слободен печат

ВИДЕО: Отворено едно од најголемите лизгалишта во Европа

Слободен печат

Уште еден град во Србија прогласи вонредна состојба

Слободен печат

Остави Коментар