Филипче: На есен посилно ќе се шири вирусот – Луѓето нема да бидат надвор, туку во затворени простории

Министерот Венко Филипче на денешната прес конференција информира за ситуацијата кај нас и на Балканот, бројот на заболени и испишани пациенти, како и за жариштата во земјава.

– Во изминатите 10 дена кризата со коронавирусот повторно ескалираше на Балканот. Во Србија се бележат преку 300 случаи на ден, Бугарија преку 150, сериозен раст во Босна, хрватска и Црна Гора, Албанија скоро 70 и Косово преку 100 случаи на ден. СЗО извести деа 60 отсто од случаите се регистрирани во јуни. Ова значи дека има нов бран, кај нас дојде порано или рано го детектиравме. Тоа е последица на попуштање на мерките и непочитување. Предвидувањата дека во летото ќе исчезне не се вистинити. Вирусот е тука и ќе остане подолго време и мора да сме подготвени.

Мора да прифатиме дека оваа реалност може ќе трае подогло од очекуваното. Изминатата недела има вкупно 860 случаи што е значајно помалку од 1.000 случаи во претходните 3 недели, инциденцата е нешто пониска. Нула факторот на преносливот во изминатите 10 дена, два до три дена е над 1,1, останатиот приод е 0,9. Во наведениот период има заболени лица од сите возрасни групи, особено над 60 години. Апелирам возрасните и хронично болни да се внимателни. Смртноста кај нив е висока. Нема знаци дека постои друго потенцијално жариште освен Скопје, Тетово и Гостувар.

Стратегијата на широко интензивно тестирање дава резултати. Со тоа имаме широк увид и системот помага да ја стабилизираме ситуација во скопскиот и тетовски регион. Имаме рана детекција на асимптоматски случаи и нивно изолирање.

Во изминатиот период целиот тим на МЗ и менаџерите на болниците беа посветени на менаџирање на ресурсите и системот на ротација. Бројот на хоспитализирани е околу 11 – 12 отсто, другите се на домашно лекуавање со лесна клиничка слика или асимптоматски. Има испишани од болниците, кој е еднаков со бројот на нови приеми. Има еден добар процент на пациенти кои доаѓаат во болница по влошување на состојбата. Апелираме на секое влошување дека е потребна рана хоспитализација.

На есен посилно ќе се шири вирусот. Луѓето нема да бидат надвор, туку во затворени простории. Работиме на подготовка на капацитети за есенскиот период. Имав средба со повеќе директори на болници и разгледуваме евентуално дополнителни капацитети кои би се користеле како болнички, може и студентски домови во Охрид и Битола, рече Филипче.

Проследете го целото обраќање на министерот за здравство, Венко Филипче:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот