Состојбата на Христијан Мицкоски е стабилна, изјави министерот за здравство, Венко Филипче по денешното пристигнување на 3.000 дози вакцини на „Спутник“.
-Според моето стручно мислење, а според информациите што ги имам, неговата состојба е стабилна, рече Филипче за здравствената состојба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски минатата недела објави дека е позитивен на Ковид-19, а вчера откри дека се лекува на Инфективната клиника. Тој се пожали дека има температура, јако главоболки и тешко дишење.