Филип Рикер на 26 јули доаѓа во Скопје

По посетата на еврокомесарот Јоханес Хан планирана за 25 јули, во Скопје доаѓа и в.д. помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер. Неговите средби со државно-политичкиот врв на Северна Македонија се предвидени за 26 јули, објави 360 Степени.

Двете посети коинцидираат со кризата поврзана со СЈО и најавата од Владата дека токму тие денови во Собранието ќе биде испратена новата верзија на предлог-законот за јавното обвинителство што денеска го презентира премиерот Зоран Заев. Се очекува претставниците на ЕУ и на САД да се фокусираат токму на ова прашање што се смета за последно отворено пред земјите-членки на ЕУ во октомври да решаваат за одредување датум за пристапни преговори со Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот