ФИФПро на страната на на Елмас и соиграчите

EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Челникот на Наполи по ремито на неговиот тим со Салзбург во четвртото коло од Лигата на шампионите им нареди на фудбалерите една недела да поминат во карантин во клупската база. Фудбалерите ја одбија оваа наредба и си заминаа во своите домови, а нивниот потег го разбесни Де Лаурентис кој ги казни сите фудбалери со вкупна парична казна од дури 2.5 милиони евра.

Неколку дена по изрекувањето на паричната казна, реагираше и синдикатот на професионални фудбалери „ФИФПро“, кој смета на фудбалерите на Наполи им се погазени нивните работнички права.

„ФИФПро смета дека одлуката на Наполи да ги казни фудбалерите, кои одлучија да си заминат дома кај своите семејства по натпреварот со Салзбург е неправедна. Како и секој вработен, така и фудбалерите имаат право на приватен живот, особено ако се знае дека поради згуснатиот распоред на натпревари, многу фудбалери се надвор до дома подолго време. Основата на која Наполи сака да ги наметне казните, бидејќи играчите се спротивставиле на нерезонски барања на клубот, е против колективниот работнички договор во Италија.

Фудбалерите на Наполи не можат да бидат предмет на казни само затоа што резултатите на клубот не се задоволувачки. Карло Анчелоти и неговиот стручен штаб се единствено одговорни за менаџирање на своите фудбалери. Техничките работи не се дел од обврските на клупските директори, па затоа Анчелоти и играчите на Наполи ја имаат целата наша подршка и секако ако им е потребна правна помош им ја ставаме на располагање.

ФИФПро заедно со Асоцијацијата на професионални фудбалери во Италија стојат во одбрана на фудбалерите во било каква ситуација на злоупотреба и заплашување“, стои во соопштението на ФИФПро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот