ФИФА воведува нова офсајд технологија на Светското првенство во Катар

Сензори ќе бидат сместени во центарот на топката/ фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) ја потврди употребата на полуавтоматизирана офсајд технологија на претстојното Светско првенство во Катар.

Постапката за користење на новиот систем е претставена во четири чекори.

Натпреварите на Мундијалот ќе ги снимаат 12 специјализирани камери, подготвени да лоцираат 29 точки од секој фудбалер на теренот и тоа по 50 пати во секунда.

Сензорите, сместени во центарот на топката, со фреквенција од 500 Херци, ќе пренесуваат податоци 500 пати во секунда.

Технологијата ќе им сигнализира потенцијален офсајд на судиите во ВАР просторијата во секое време. Надлежните потоа ќе ја проверат конкретната ситуација на терен и евентуално ќе реагираат.

Ситуацијата, потврдена како офсајд од судиите на теренот и во ВАР собата, ќе се емитува во 3Д анимација на екраните на стадионите и во директни телевизиски преноси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот