Фич го подигна рејтингот на Катар на највисоко досега поради течниот гас

Гасовод Северен тек 1/ Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

Фич Рејтингс го подобри рејтингот на Катар на АА, трет највисок, врз основа на очекуваните приходи на оваа земја од Персискиот залив од проширените наоѓалишта на гас, соопшти агенцијата. Станува збор за зголемување на рејтингот од АА-. Приходите од наоѓалиштата за течен природен гас (ЛНГ) ќе обезбедат Катар да има буџетски суфицити до 2030-тите, се вели во соопштението објавено на Фич, цитирајќи го образложението за рејтингот, објави АлЏезира Балканс.

Катар е веќе една од најбогатите земји во светот и може да се пофали со еден од највисоките БДП по глава на жител. Дополнителниот пораст на приходите ќе обезбеди зајакнување на надворешната рамнотежа од веќе силно ниво, тврдат од „Фич“. Сепак, „Фич“ предупреди дека тековната војна во Газа претставува ризик за рејтингот на Катар иако земјата досега не била директно засегната. Ако острата ескалација на регионалните тензии доведе до одлив на капитал од банките, на пример, или предизвика продолжено нарушување во секторите за јаглеводороди и транспорт на Катар, тоа би влијаело на рејтингот, додаде Фич.

Катар е еден од најголемите извозници на ЛНГ, заедно со САД, Австралија и Русија. Азиските земји, на чело со Кина, Јапонија и Јужна Кореја, се главниот пазар за катарскиот гас, но побарувачката е зголемена и во европските земји, а од руската војна против Украина, снабдувањето со руски гас е доведено во прашање. Планирано проширување на капацитетите Катар енерџи планира да го прошири капацитетот за производство на ЛНГ во северното поле од 77 милиони тони годишно на 110 до крајот на 2025 година и 126 до крајот на 2027 година, додека најави дополнително проширување на 142 милиони тони годишно до крајот од 2030 година. Северното наоѓалиште е дел од најголемото наоѓалиште на гас во светот, кое Катар го дели со Иран, кој својот дел го нарекува Јужен Парс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот