ФИБА Европа одлучи: Во ноември против Естонија и Италија!

фото: kfsm.mk

Доколку ситуацијата не го дозволува тоа, натпреварите во евро-квалификациите ќе се поместат во февруари, односно јули, 2021 година.

Бордот на ФИБА Европа одлучи, ноемврискиот „прозорец“ од квалификациите за пласман на ЕП 2021 година да се игра според претходно утврдениот календар за натпреварување. Без или со лимитиран број на гледачи, секогаш во согласност со локалните законски регулативи.

Најдобрата македонска репрезентација следните два натпревари во квалификациите за пласман на следното Европско првенство ќе ги игра на гости како што е и веќе познато, кај Италија на 27 ноември три дена подоцна кај Естонија.

Мечевите во квалификациската група „Б“ играчите на селекторот Александар Тодоров не ги започнаа најдобро, со домашен пораз од Естонија (72:81) и пораз на гости од Русија (77:67).

Во случај, доколку не може да се игра во текот на ноември, тогаш дуелите од тој „прозорец“ ќе бидат одложени, односно преместени за февруарските термини.

Оние мечеви кои на програмата беа во февруари ќе бидат презакажани за јули, 2021 година. Притоа водејќи сметка да бидат реализирани помеѓу крајот на Олимписките квалификациски турнири и почетокот на Олимписките Игри во Токио.

Истите одлуки се однесуваат и за оној женски сегмент во квалификациите за Евробаскетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот