ФФМ ќе испитува местенки

 

Фудбалската федерација на Македонија ќе ја испитува регуларноста на натпреварите од последното 30. Коло од првата фудбалска лига.

Последното коло донесе неколку изненадувачки резултати, екипата на Беласија која се наоѓа на деветата позиција на табелата со 2:1 го совлада лидерот Шкендија. Последнопласираната Победа со пресврт го совлада Работнички, додека Шкупи поради смешната реакција на голманот на Академија Пандев во 86. минута дојде до трите бодови.

Комисијата за натпреварување и комесарот Васко Дојчиновски го предадоа целото коло на комисијата за интегритет за ФФМ поради сомнежите за нарушен интегритет на фудбалот.
Се очекува комисијата за интегритет со сите прибрани докази и сомнежи, случајот да го предаде на МВР во секторот за организиран криминал, и истрагата да ја продолжи МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот