Фетаи откри лажен документ за Смилковско Езеро

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Бев надворешно обезбедување на Македонската радио телевизија на 12 април 2012 година. По радио-врска дознав дека има убиство. Сакав да дознаам повеќе и му се јавив на Фадил Алили. Знам дека тој беше близок со Мендух Тачи и се надевав дека повеќе ќе дознаам од него. Но, и тој не знаеше ништо повеќе, изјави инспекторот во МВР, Армен Ганиу сведок во судскиот процес „Монструм“.

Вештото лице во крим-лабораторијата на МВР, Снежанка Николовска изјави дека за случајот и била донесена земја за вештачење.

– Јас имав земено примерок од земја за вештачење од возилото “опел омега” кое беше донесено во кругот на МВР. Земја за вештачење беше донесено од шест места. Земјата која ја земаа од Смилковско Езеро се поклопува со земјата најдена на дек од возилото – рече сведокот Николовска.

Таа наглади дека примероците од земја според сите стандарди како што треба и ги донеле на увид во ќеси.

– Мислам дека беше усмена наредба за да земам примерок од земјата од локацијата Вражји вир каде беше најдено возилото. Таа наредба ми беше дадена од мојот претпоставен, началник, но не знам дали до него стигнало наредба од истражен судија за таа постапка – изјави сведокот.

На прашање на обвинителката Фатиме Фетаи зошто во еден од документите за хемискиот состав на земјата се напишани одвишок зборови и по чија евентуална наредба било тоа направено, обвинителката праша: „Дали сте свесни дека ова е лажен документ? По чија наредба го направивте?“.

На ова прашање сведокот рече: „Не е по некоја наредба. Немам објаснување“.

Нејзиното сведочење, вештачење и стручност беше доведено под прашање од страна на адвокатите на обвинетите, при што дојде до неколку вербални конфликти меѓу адвокатите, судскиот совет и обвинителот.

Според обвинителката Фатиме Фетаи сведокот не може да сведочи повеќе од тоа што знае и е стручна, додека адвокатите на одбраната ја доведоа под прашање нејзината стручност во вештачењето на земја.

За петкратното убиство кое се случи на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Со згаснувањето на СЈО, предметот го презеде Јавното обвинителство. Повторувањето на предметот го води судиската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот