Фејсбук објави нови мерки за претседателските избори во САД

Фото: Профимедиа

Социјалната мрежа Фејсбук подготвува нови мерки за претстојните претседателски избори во САД следната година.

Фејсбук најави дека внимателно ќе ги следи „медиумите кои се контролирани од државата” и се обидуваат да манипулираат со расположението на гласачите.

– Се соочуваме со повеќе софистицирани напади од агенти контролирани од државата. Но, верувам дека сега сме многу подобро подготвени отколку за изборите во 2016 година- изјави сопственикот на Фејсбук, Марк Закерберг.

Една од новите мерки е дека информациите кои доаѓаат од медиумите контролирани од влади на други земји, ќе се појават со назнака во која ќе се наведе нивниот извор. Друга мерка е дека кога корисниците ќе се обидат да споделат вест за која е утврдено дека е лажна од сајтовите за проверка на веродостојноста, ќе биде издадено предупредување дека информацијата е сомнителна.

Фејсбук, исто така, објави дека преземал дополнителни мерки за да спречи профилите на политичарите и другите учесници во изборниот процес да бидат хакирани или компромитирани од злонамерни лица или организации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот