Федерер одлучи: Ќе играм на Вимблдон, а потоа... - Слободен печат

Федерер одлучи: Ќе играм на Вимблдон, а потоа…

Рожер Федерер конечно откри кога планира да замине во пензија. Швајцарецот засега потврди дека ќе настапи на неговиот омилен грен слем турнир, Вимблдон, идната година. Федерер досега осум пати триумфирал на најпрестижниот тениски турнир, а летово во финалето пропушти две меч топки и на крајот загуби од Новак Ѓоковиќ.

– Одлучив дека сакам да играм до Вимблдон. Сега треба да одлучам дали ќе учествувам на Олимписките игри во Токио. Зборував со својот тим, со сопругата Мирка и одлуката ќе ја донесам во наредните недели – изјави Федерер.

Следната тениска акција за Швајцарецот ќе биде настапот на Лејвер Купот, а по завршувањето на тениската сезона, ќе одигра неколку егзибициски натпревари.

– Тоа е одлука која ја донесов со мојот фитнес тренер. Вообичаено подготовките за новата сезона ги започнувам на 4. декември, но сега ќе стартуваме нешто подоцна. Воопшто не ми е важно дали ќе бидам подготвен за првите турнири во новата сезона. Мојата цел е Австралија Опен – вели Федерер.

Прочитај повеќе

Ракометарите на Боливија се вистински дудуци, примија 214 гола на три наптревари

Слободен печат

Ливерпул го продолжува походот кон титулата, падна и Вулверхемптон (ВИДЕО)

Слободен печат

Победничко деби на Алушовски на клупата на Вардар

Слободен печат

Ѓоковиќ го има најдобриот спаринг-партнер во Мелбурн (ВИДЕО)

Слободен печат

Реал го награди Бензема со нов договор

Слободен печат

Поради моите гради, Мирко никогаш не е под стрес

Слободен печат

Остави Коментар

11 − three =

Прочитај повеќе

Фотографии од Шумахер во болнички кревет вредат вистинско богатство

Слободен печат

Брестовац: Сметам дека е погрешно сега да до напуштам бродот

Слободен печат

Селекторот на Србија верува во „рисовите“: Македонија ќе го совлада Косово

Слободен печат

Конте во Интер си донесе еден од омилените фудбалери

Слободен печат

Начевски и Николов ќе го судат финалето на ракометното ЕП

Слободен печат

Надал погоди девојче во главата па направи шмекерски потег (ВИДЕО)

Слободен печат