Федерер: Надал? Имав и јас свои моменти

twitter.com/Tennis

Рафаел Надал неодамна на УС Опен го подигна 19. трофеј од најпрестижните тениски турнири, и веќе во јануари идната година доколку триумфира на Австралија Опен, ќе се израмни со Швајцарецот со 20 освоени грен слем титули. Рожер Федерер последен пат триумфира на еден грен слем турнир на Австралија Опен во 2018 година.

– Можеби на податокот дека Рафа Надал ми се приближи по бројот на освоени грен слем титули гледам поопуштено од остатокот на Швајцарија – се пошегува Федерер кој оваа недела ќе настапи на Лејвер купот кој ќе се игра во Женева.

– Знам, имав свои моменти во кое соборував рекорди. Тоа никој не може да ми го одземе. Доколку и останатите тенисери имаат такви моменти, ме прават среќен – додаде Федерер.

Федерер и Надал ќе го предводат тимот на Европа во дуелот со остатокот на светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот