ФДА се очекува неделава да ја одбри вакцината на „Џонсон и Џонсон”

Џонсон и Џонсон вакцина/ Фото: ЕПА

Специјалистите од Администрацијата за храна и лекови (ФДА) на САД заклучиле дека вакцината против Ковид-19 на „Џонсон и Џонсон” (Johnson & Johnson) е безбедна и ефективна.

Како што јави денеска Вашингтон пост повикувајќи се на документи од ФДА, ефективноста на вакцината е 66,1 отсто. Самата компанија претходно соопшти за 64 процентна ефективност според резултатите од третата фаза испитувања, при што ефективноста во САД е 72 отсто, а 57 отсто во Јужноафриканска Република, каде се појавија нови мутации на вирусот.

Од „Џонсон и Џонсо” очекуваат ФДА да даде зелено светло за употреба на вакцината во петок, а барањето за тоа беше поднесено на почетокот на овој месец. Оваа вакцина се разликува со тоа што е потребна само една доза, наместо две, како што е случај со многу други вакцини.

Моментално во САД одобрение за употреба имаат вакцините на Фајзер/Бионтек и Модерна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот