Фаучи: Носењето заштитни маски не е политичко прашање

Носењето маски во јавност за да се спречи ширењето на коронавирусот не треба да биде политичко прашање, предупреди главниот американски инфектолог Ентони Фаучи.

– Не постои тајна формула за вирусот. Не треба тоа да биде политичко прашање. Тоа е чисто здравствено прашање. Заборавете на политиката – погледнете ги податоците, изјави Фаучи, пренесе Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека анализата за употреба на заштитни маски јасно покажува дека тие имаат ефект и го намалуваат ризикот од пренесување на вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот