„ФАНТА КАЛЧО“: Космонаутот Пандев со чудесен гол „од вселената“! (ВИДЕО)

fantacalcio.it

Дефинитивно ова е еден од најубавите погодоци во кариерата на нашиот интернационалец чиј погодок на еден многу интересен начин беше презентиран во еден од италијанските портали.

Горан Пандев постигна еден фантастичен погодок од околу 40 метри за својата Џенова на домашен терен против Лече во рамките од Серија А.

 

Да, факт е дека од земја е постигнат голот, но за порталот „Фанта Калчо“ во својата хумористичка ретроспектива имаше еден јасен коментар: „Пандев постигна гол од вселената“.

Во оваа фотографија нашиот Пандев во опрема на космонаут, испраќа топка која личи и како еден страшен метеорит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот