Фановите збунети: Што се случува меѓу принцот Вилијам и Кејт? (ВИДЕО)

инстаграм

Војвотката и војводата од Кембриџ, Кејт и Вилијам важат за пар од соништата. Нивното гостување на Би-Би-Си оваа недела е топ тема на социјалните мрежи.

Кога легендарната британска готвачка и ТВ ѕвезда 84-годишната Мери Бери обелодени дека подготвува специјална божиќна емисија со принцот Вилијам и Кејт, многумина со нетрпение го очекуваа 16-ти декември.

Публиката за прв пат имаше прилика да го види кралскиот пар опуштен како млад пар родители, кои се однесуваат како и секој друг просечен пар.

Тие готвеа заедно со Мери и навистина уживаа. Но овие прекрасни моменти ги прекина една реакција на Кејт, која направи еден чуден потег кој ги збуни нивните фанови.

Парот седеше покрај каминот опкружен со волонтери, во позадина одеше тивка музика, сите опуштено разговараа и во еден момент Вилијам ја стави раката на рамото на Кејт, но таа нагло се заврте и го оттргна, а на видеото, не се слуша што говори таа.

Фановите се збунети што всушност се случува меѓу Кејт и Вилијам, што ја поттикнало оваа реакција на Кејт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот