Фајзер и Бионтек: Вакцината делува против мутациите на коронавирусот

Најновата студија објавена во списанието „Нејчр медисин” покажа дека вакцината на Бионтек и Фајзер делува и против мутациите на коронавирусот, кои се појавија во Јужна Африка и Велика Британија, соопштија денеска двете компании.

– Студијата објавена во списанието „Нејчр Медисин” покажува дека вакцината Бионтек /Фајзер ги неутрализира новите мутации на коронавирусот, се вели во соопштението.

Истражувањата на Фајзер кон крајот на јануари, кои ги спроведе институт во Тексас, покажаа дека вакцината делува против мутации, а сега списанието „Нејчр Медисинс” објави истражувања на надворешни лаборатории, што ја потврдува ефективноста на вакцината против мутациите.

Со британската мутација на коронавирусот се заразиле вакцинирани во дом за стари лица во Германија

Според списанието, сега се потребни уште клинички испитувања за да се соберат дополнителни сознанија за ефективноста на вакцината на Фајзер и Бионтек против нови мутации на коронавирусот.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот