Евровизија приреди ЛАЖНА ДРАМА за Шведска и Македонија - Еве како се знаеше дека Холандија ќе победи - Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Евровизија приреди ЛАЖНА ДРАМА за Шведска и Македонија – Еве како се знаеше дека Холандија ќе победи

Според аналитичарите, уште во моментот кога Холандија ги доби поените од телевоутинг, беше јасно дека ниту Македонија, ниту Шведска немаат шанси да го поразат нивниот претставник.

Финишот на Евровизија беше вистински шок за претставниците на Македонија и Шведска, кои до самиот крај неизвесно ги очекуваа поените од телевоутингот.

Но, дали имаше потреба од целата таа тензија? Според аналитичарите, уште во моментот кога Холандија ги доби поените од телевоутинг, беше јасно дека ниту Македонија, ниту Шведска немаат шанси да го поразат нивниот претставник.

Сепак, водителите и понатаму продолжија со читање и бодување на претставниците. Но, што навистина се случуваше?

Тајната е во магичниот број 2.378. Запомнете го.

Гласање на стручното жири

Најпрво се доделуваа гласовите на стручното жири, од сите земји кои учествуваа во двете полуфиналиња, победникот и големата петорка. Со тоа, се доделуваат 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 10 и 12 поени, односно вкупно 58, од 41 стручно жири или 2.378 во целост.

Како што знаеме, по распределувањето на поените, први беа Шведска со 239 поени, Северна Македонија со 237 и Холандија со 231 поени. На четвртото место беа Италија со 212 поени и на петто Азербејџан со 197 поени.

Но, тогаш следуваа поените од телевоутингот и ситуацијата целосно се смени.

Гласање на публиката

Гласовите на публиката се собираат на ниво на секоја држава која гласа, а потоа се доделуваат според принципот 1-2-3-4-5-6-7-8-10-12, како и со жирито. Повторно секоја држава може да даде вкупно 58 поени, односно севкупно од сите држави ќе бидат доделени 2.378 поени.

Поради помала тензија, доделувањето започна до најслабиот пласман според жирито, кон првопласираните, во овој случај Шведска, Македонија и Холандија.

Лого/Принтскрин

Напнатоста расте

Поени се доделуваа од последниот кон првиот, а изгледот на табелата драстично се смени. На пример, Русија доби 244 поени од публиката, а Италија 253. Сега тие се на врвот на табелата.

Кога дојде моментот да се доделат поените на Шведска, Македонија и Холандија, организаторот ја продолжи „драмата“ иако немаше потреба од тоа, а може и да се работи за случаен пропуст од нивна страна.

Тука доаѓа на помош веќе споменатиот број 2.378. Внимателните и оние кои го знаеја овој податок можеа точно да пресметаат дека по доделувањето на поените на Холандија, Македонија и Шведска веќе немаат шанса да се борат за победа.

До моментот кога останаа само овие натпреварувачи, веќе биле доделени 1.966 поени од публиката, а табелата изгледаше вака:

Италија 465 поени (жири+публика)
Шведска 239 поени од жири
Северна Македонија 237 поени од жири
Холандија 231 поени од жири

финале евросонг

Од тие 2.378 поени, од кои веќе доделени се 1.966, преостануваат уште 412 кои треба да бидат доделени меѓу топ 3 пласираните од жирито.

Во тој момент Холандија добива 261 поени, со што вкупно има 492 поени, според кои нивната победа е недостижна за Шведска и Македонија. Остануваат уште 151 преостанати поени кои
е ги поделат Шведска и Македонија, но во секој случај тоа е премалку за победа.

Веќе е јасно дека Холандија е победник, но драмата продолжува. Водителите и понатаму доделуваат поени од телевоутинг, а надежта кај Холандија, Македонија и Шведска и понатаму „врие“.

Она што малкумина го земаа предвид (или можеби никој) е токму оваа распределба на поени, со што се знаеше дека нема да има никакво изненадување во „фото финиш“, односно дека откако Македонија доби 58 поени, на Шведска и преостанаа уште само 93, недоволно за да „избие“ на прво место.

Дали лажната драма ја прегази вистинската еуфорија? Останува да видиме следната година во Амстердам. А дотогаш, не заборавајте ја оваа „волшебна“ математика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close