ЕВРОВИЗИЈА 2019: Вулверин од Финска, „Фроузен“ на дрога, секти, садо-мазо од најлошиот кошмар!

Заврши првото полуфинале од Евровизија 2019, а оваа вечер ја обележаа и неколку контроверзни настапи.

Најконтроверзен и најморничав настап имаше исландската група „Хатари“, кои полуголи со многу бодежи и кожа на себе трчаа по бината. Гледачите имаа впечаток како да гледаат краток хорор филм. „Тоа беше микс на готика, хевиметал и садомазо-фетиши“, напишал еден од твитерџиите. „Како од пеколот“.

Големо внимание предизвика и португалскиот претставник кој со својот танц го „маѓепса“ Твитер, и поттикна лавина коментари.

принтскирн/twitter

Претставникот од Финска многумина ги потсетил на познатиот суперхерој Вулверин.

принтскрин/twitter

Српската претставничка ја споредуваа со Елза од цртаниот филм „Фроузен“, а имаше и бројни коментари дека фустанот што го носела потсетува на лик од серијата „Игра на престолите“.

принтскрин/twitter

Со цртаниот „Фроузен“ споредени се и претставниците на Австралија, иако коментарите во овој случај беа малку посурови, па шведскиот коментатор напишал дека нивното доаѓање на сцената изгледа како „Фроузен на ЛЦД“.

принтскрин/twitter

Многу коментари предизвикаа претставничките на Полска кои на мајчиниот јазик ја изведоа песната во специфични црвени костими кои не ја оставија рамнодушни твитер-заедницата.
„Полските претставнички изгледаат како секта и како сите да не проколнаа“, започна еден твитерџија, а многумина ги споредуваа и со „ѓаволи“. „Ова е доволно лудо што заслужува победа“, е еден од коментарите.

принтскрин/twitter

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот